дома | инструкции | информации и прашања | контакт | најави се
x

Најавување:

Внесете поим за пребарување

Најчесто поставувани прашања околу услугите на Directorium.mk :

  • Како мојата фирма (бизнис) да стане дел од Directorium.mk?
  • Промотивниот период во кој цената беше 1000 денари / годишно е завршен.
    Услугата на Directorium.mk, лоцирање на фирмата (бизнисот) се наплаќа 2000 денари годишно по локација.
  • Што добивам со тоа што ќе бидам дел од Directorium.mk?
  • Како сервис, Directorium.mk нуди локација на фирмата (бизнисот) со што вашите клиенти може на полесен начин да Ве пронајдат, но исто така нуди и можност за објавување на сите податоци поврзани со вашата фирма (лого, брендови, продукти, работно време, email, веб страна, телефони и останати детали).
  • Јас сум адвокат. Дали истата понуда важи и за мене?
  • Под поимот „бизнис“ се подразбира секоја дејност која на одредена единка му носи заработувачка, односно ја работи истата и сака да ја промовира, така што независно дали се работи за компанија со повеќе од 100 локации или поединка (адвокат, нотар, лектор, преведувач, уметник, музичар) секој може да си го лоцира својот Бизнис.
  • Каде Directorium.mk како сервис се промовира?
  • Маркетинг секторот на Directorium.mk изработува маркетинг план за промоција во период од 1/2 година однапред. Во првата половина од 2010 година, Directorium.mk ќе се промовира на некои online медиуми и во некои од дневните весници. Во втората половина од 2010 година маркетинг програмата се изработува во месец јуни 2010 година.
  • Зошто некои од улиците на мапата се погрешни?
    На пример улицата каде што е мојата фирма се нарекува „Иво Рибар Лола“, а на мапата пишува „Метрополит Теодосиј Гологанов“.
  • Google Maps, апликацијата која што се користи во Directorium.mk ги има индексирано имињата на улиците според новата номенклатура, односно Иво Рибар Лола е старото име на улицата, а новото е Метрополит Теодосиј Гологанов. Тимот на Directorium.mk разбира дека луѓето полесно се ориентираат со старите имиња на улиците и училиштата, но официјалните имиња се новите, па безполезно е да се бараат старите имиња од објектите и улиците.
  • Дали планирате да го преведете сервисот и на други јазици?
  • Сервисот ќе биде преведен на Англиски и Албански јазик до средината на 2011 година.
  • Мојата фирма ја има во локаторот, а јас ја немам пријавено. Дали таа ќе стои таму или е само дел од тест период?
  • Тимот на Directorium.mk за месец Февруари и Март 2010 одбра од 1-5 фирми од повеќето области како „Презентациски Период“ и ги постави бесплатно во сервисот. Истите во текот на месец Март ќе бидат отстранети од сервисот доколку не прифатат да ја платат услугата.
За сите дополнителни прашања можете да се јавите на телефонот:
(02) 2772 568 или мобилните телефони:
078 330 303
078 330 313
или на email-от contact@directorium.mk